-->
-->
Африка: Од последиците на циклонот Фреди во Малави загинаа над 1.000 лица
-->
Бројот на загинати од циклонот Фреди во Малави се зголеми на над 1.000 лица, а повеќе од половина милион се раселени, изјави претседателот на земјата, Лазарус Чаквера.
-Циклонот погоди околу два милиона лица, додаде тој, пренесува Анадолија.
Претседателот ги повика жителите на Малави да работат заедно додека земјата закрепнува од катастрофата што оштети 405 километри патна инфраструктура, 63 здравствени установи и 500 училишта.
Циклонот Фреди во март протатни низ Мозамбик и Малави, два пати за еден месец, уништувајќи десетици илјади домови и предизвикувајќи огромни поплави.
Во соседен Мозамбик беа уништени повеќе од 33.000 домови, а регистрирани беа уште 76 смртни случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
