Адеми: Нема да дозволиме дополнителен број паралелки

Дополнителен број паралелки нема да дозволиме, но ќе преземеме мерки таму каде е потребно без зголемување на бројот на паралелки да се надминат некои ситуации. Се уште сме во процес на консултации со сите засегнати страни и ќе донесеме одлуки кои се во согласнот со нашите определби, но и со барањата на училиштата, на учениците почитувајќи ги критериумите кои се јасни и прецизни.
Ова денеска го изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со поголемиот број пријавени од местата предвидени со конкурсот за упис во средно училиште.
- Ќе дадеме приоритет на средното стручно образование. Ако ги зголемиме квотите за гимназијалците тоа оди на штета на средното стручно образование. Упатувам апел до учениците во уписните рокови да се пријавуваат во средното стручно образование. Ова ќе биде во нивна полза имајќи предвид дека таков кадар ни треба на пазарот на труд и ќе имаат повеќе можност да бидат веднаш вработени во компаниите, додаде Адеми, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на Upshift програмата за социјално претприемништво.
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
