9 лица исчезнаа во поплавите во Франција
Најмалку девет лица исчезнаа во поплавите денес откако на подрачјето околу Ница во Франција за само 12 часа падна просечната годишна количина на дожд.
Властите соопштија дека во текот на ноќта поплавите ги оштетиле куќите, мостовите и патиштата во планинскиот регион на Приморските Алпи крај границата со Италија.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, изрази сочувство со семејствата на исчезнатите. Според него, повеќе од 100 домови биле уништени или сериозно оштетени.
Францускиот претседател Емануел Макрон, на Твитер изрази благодарност до спасувачите.
„Ќе го поминеме ова заедно“, напиша Макрон.
Француската метеоролошка служба Метео Франс објави дека во некои области наврнале 500 милиметри дожд, што е скоро на нивото на годишниот просек.
Во регионот е на сила предупредување за опасност, а училиштата се затворени. Локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.
Ново на Сител
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
-

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
