Македонија
4. January 2022 - 16:32

53 годишен маж од Скопје нападнат со тврд предмет

Вчера утрото во Скопје со тврд предмет бил нападнат 53 годишен маж од страна на две лица.

На 03.01.2022 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред маркет на ул.„Васил Чакаларов“, А.Ф.(53) од Скопје бил физички нападнат со тврд предмет од две лица. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.