4 лажички од овој лек и ракот самиот се повлекува

Репецтoт на рускиот научник, професорот Христо Мермерски, многу го претставуваат како револуционерен лек, со кој наводно се излекувани илјадници луѓе од рак. „Тоа е храна за лекување на цел организам, а ракот во таков организам сам се повлекува“, рекол тој во своите предавања.
Тајната е во тоа што оваа смеса наводно ги чисти вените, го лекува срцето, го обновува имунитетот, го чисти црниот дроб и бубрезите. Исто така, ја подобрува работата на мозокот и памтењето, чува од инфаркт и доведува до излекување на оние кои доживеале инфаркт или мозочен удар. Многу говорат и дека се работи за најдоброто средство против сите видови рак.
Состојки:
15 свежи, здрави БИО лимони, 12 глави свеж лук, 1 кг домашен мед, 400 грама проникнато жито (млада зелена пченица) и 400 грама свежи ореви.
Подготовка на проникната пченица: 400 грама пченица ставете во зовриен стаклен сад. Прелијте со вода да отстои, најдобро преку ноќ. После 10-12 часа, преку чиста газа исцедете ја водата и добро измијте ги зрната, па пак процедете низ газа.
Во садот оставете ја исцедената пченица да отстои 24 часа. После тоа ќе добиете пченични никулци, со должина од 1-2 милиметри.
Подготовка на лекот: Сомелете ја заедно проникнатата пченица, ореви и исчистени главици лук. Сомелете и 5 лимони со кора, па се заедно измешајте. Од останатите 10 земете само сок и измешајте со останатата мешавина, додека смесата не стане хомогена.
Додајте го медот и долго мешајте со дрвена лажица, па ставете во стаклен сад. Оставете да отстои 3 дена во фрижидер, па тогаш може да почнете со конзумирање.
Примена: Оваа храна се зема 30 минути пред доручек, ручек, пред вечера и пред спиење. Ако ја користите за лекување на рак, земјате по една до две лажички секои два часа.
Професор Мермерски вели дека рецептот гарантира здравје и долг живот, како и излекување од рак, зачување на свежината на телото, младоста и енергијата.
„Овој лек ги содржи сите неопходни витамини, минерални соли, биоактивни супстанци, протеини, јаглени хидрати, и билни масти. Затоа и ја подобрува работата на сите внатрешни органи и жлезди, кои го одржуваат телото здраво, а доведува и до излекување од рак целосн“, истакнал докторот.
Ново на Сител
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
-

Иран: Ќе дозволиме премин низ Ормуската Теснина по војната само во согласност со протоколите
