35 лица приведени за време на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (26/27.03) на територијата на државата вкупно 107 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 35 лица, 47 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.
Во текот на вчерашниот ден на 18 лица им се издадени решенија за изолација, додека 24 лица потпишале изјави за самоизолација. Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека во еден случај лице во самоизолација не ја почитувало оваа мерка, односно не било пронајдено во својот дом. По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 206 контроли и во три случаи констатирани се непочитување на мерките, соопшти дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанја Петровска.
Ново на Сител
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
