35 годишен кумановец киднапирал познаник, го терал орално да го задоволува и да користи дрога
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 21:15 часот го лишиле од слобода Д.П.(35) од Куманово.
Од МВР информираат дека тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом.
Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи дрога.
При приведувањето, кај Д.П. биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
„Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
