Македонија
24. January 2026 - 16:37

31 конгрес на СДСМ

Фани Каранфилова Пановска останува заменик претседателка на СДСМ, а делагатите на деншниот конгрес им дадоа доверба и на ново избраните членови на Извршниот и Централниот одбор.

Лидерот на СДСМ е задоволен од денешниот отчетен конгрес на кој вели добиле и критики и пофалби, а присуствуваа над 400 делегати. 

Внатрепартиските тензии и повиците за оставка на Филипче од поранешни високи функционери преовладуваа во првиот дел од конгресот. Филипче повика на обединување на партијата бидејќи вели СДСМ нема простор за внатрешни поделби. Вратата на СДСМ е отворена за сите искрени социјалдемократи, но не и за оние кои сакаат да седат на две столици.

Филипче упати и низа критики за власта, за која вели наместо ветените реформи и прогрес, измнатите две години направиле грабеж од епски размери. Македонија е во дипломатска изолација со блокирани евроинтеграции, вели Филипче, а СДСМ нема да дозволи увоз на мигранти под превезот на странски работници.

На денешниот конгрес на присуствуваа ниту Петре Шилего, ниту Јован Деспотовски, кои последниот период јавно го критикуваат раководството на СДСМ и бараат оставка од Филипче. Двајцата не се делати, но на конгресот не биле поканети ниту како гости. 

Владо Бучковски и Димитар Ковачевски пак без единствените двајца поранешни претседатели на партијата кои присуствуваа на конгресот.

Со денешниот состанок СДСМ го заокружи процесот на реформирање на партијата кој беше најавен по лолакните избори на кои СДСМ освои само 6 општини