213 санкции поради непропуштање пешаци на пешачки премин I ВИДЕО
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Притоа, санкционирани се 213 возачи, од кои 140 на територијата на Скопје, 23 на територија на СВР Тетово, 17 на територија на СВР Битола, 14 на територија на СВР Велес... При акциската контрола санкционирани се и 239 останати сообраќајни прекршоци.
Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, упатуваме апел и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Наша заедничка обврска е, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.
Ново на Сител
-

Орбан: Ако Зеленски сака пари мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“
-

Трамп: Не ни треба ничија помош
-

Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот
-

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска
-

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена
-

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
-

Нарачала мебел преку социјална мрежа, останала без 550 евра - измамена жена од Арачиново
