Македонија
27. March 2021 - 16:52

19-годишен скопјанец пријавил физички напад од шест лица

Деветнаесет годишник со иницијали И.С од Скопје ноќеска во 00.30 часот во Полициска станица Центар  пријавил дека синоќа околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.

Од МВР за МИА  информираа дека лицата се повикани во полициска станица и е известен  јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.