166 санкционирани возачи во Скопје, 52 пешаци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 52 мерки за прекшоци што ги прават пешаците, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Бил Гејтс: Поради отпорот кон вакцинацијата, искоренувањето на сипаниците повеќе не е остварлива цел
-

Пентагон за првпат призна недостиг од муниција во војната против Иран
-

Лагард: Европа мора да развие сопствена вештачка интелигенција или ризикува да биде отсечена од САД или Кина
-

САД потврдија дека располагаат со оружени системи во орбитата
-

ЕУ планира забрана за социјални мрежи, четботови и онлајн-игри за деца под 15 години
-

Нема активни пожари, а еден е под контрола - кај село Белица и Јасен
-

Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер
