-->
-->
117 санкционирани возачи во Скопје
-->

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
